Главно мени
Дома Колумни Колумни - Хоризонт Одлив на мозоци!


Завршува и последната академска година за нашата интелектуална движечка сила. Дипломата е веќе на прагот, но што потоа?Голем дел од Македонската интелектуална сила кога треба да го направи својот избор за вработување, прво што им доаѓа како идеа е тоа да се отвори интернет пребарувачот и да се побара работа во соседните земји, земјите од европската унија и секако ветената земја УСА.

Стекнатата диплома ги тера младите образовани и невработени да ја напуштат земјава во потрага по подобри егзистенцијални услови, можности за унапредување и реализација на своите планови и идеи надвор од границите на Република Македонија.

Овој податок за одливот на мозоци од нашата држава датира многу поодамна и сеуште претставува алармантна состојба. Но што може да се направи кога самата економска состојба на земјава придонесува одливот на мозоци да прерасне во алармантен тренд.

Македонија сеуште нема понудено конкретни решенија за тоа како да се спречи одливот на мозоци. Секоја година се повеќе опаѓа бројот на научници и инженери во земјава, а се поголем е бројот од нивна побарувачка на пазарот на трудот во Македонија.

Така да сигурно доаѓа до една блокада во развојот на економската сосотојба на земјава и се соочуваме со потреба од увоз на повремено вработен  кадар од странство со цел да се подобри економската слика. Овој фрапантен податок би бил драстично помал доколку има подобри услови кои би придонеле да младите да се чувствуваат повеќе вредни и потребни во Македонија. Доколку се продолжи со ова темпо на одлив на интелектуалната сила од земјава, ни се заканува опасност да останеме без стручни и способни кадри, кои можат многу да придонесат за развојот на економијата, а со тоа и на целокупното општествено живеење.

Нашата држава се уште нема изнајдено соодветно решение и стратегија за подобрувањето на  оваа сосојба. Надлежните треба сериозно да се позанимаваат со оваа проблематика со цел изнаоѓање на решение кое би ја намалило или пак во краен случај и спречила оваа појава.

Треба да се направат напори за развој на индустријата во републикава бидејќки со тоа би се имало побарувања од инженери и научници за развој кои би имале можност да го покажат своето знаење и можност да ги реализираат своите идеи во рамките на земјава.

 

Спасовска Донка

Директор на човечки ресурси

 
Статистика
Гледања на содржината : 209530
Присутни гости
Има 5 гости присутни