Главно мени
Дома Колумни Колумни - Хоризонт Не конкурентноста на домашните производи на извозниот пазар треба да се побара во матичната земја


За да се започне успешна корелација и соработка со соседните земји, за да се зголеми извозот на домашните производи, треба пред се да се следат европските стандарди и подобро да се запознаат извозниците со законодавството за да би можеле да бидат поконкурентни на странските пазари.  На некој начин,кризата имаше и позитивен аспект кај нас, со тоа што ги исфрли на површина слабостите на македонската економија, а додека пак слабата конкурентност на домашното производство уште повеќе ја прели чашата на фирмите извознички.

Извозот трпи затоа што македонската економија не е базирана на знаење, се уште отсуствуваат нови технологии. Имаме ниска продуктивност, техничко-технолошко заостанување, високи каматни стапки, отсуство на позабрзани структурни реформи. Исто така постојано се судруваме со проблемот за немање доволно суровини, со што не се ствара контиуираност во производството и се нема потврда за квалитетот. Затоа не може да се склучат договори со големите странски увозници бидејќи се нема доволно и постојано суровина. Тоа е уште една причина зошто не може да се има конкурентен извоз на домашните производи.

Причините за нашата неконкурентност на странските пазари треба да ја побараме пред се во домашните производи, кои не ги исполнуваат во целост условите и стандардите на извозните пазари. Голем дел од европските стандарди се уште не се имплементирани во производството. Полека почнаа да се применуваат и имплементираат сертификатите ИСО и  стандардите ХАЦЦП,но не линеарно кај сите производители. Целата таа процедура се одвива многу бавно со што се одразува на целокупниот извоз.

Македонскиот извоз генерално е сконцентриран на два сектори. Металскиот кој е застапен со 40%, Текстилниот со 30%, а додека земјоделаството, прехранбената индустрија и се останато е присутно со 30%. Покрај овие извозни производи, добри перспективи има и зема залет информатиката. Од друга пак страна Македонија се јавува како голем увозник на сурова нафта, електрична енергија и моторни возила. Според последниот извештај на светскиот економски форум за глобална конкурентност, Македонија според статистиките за 2009 година се најде на 84 место, од вкупно 131 земја. Пред нас се сите земји од регионот, Словенија е на 37 место, Црна Гора на 62 место, Хрватска на 72 место.

Македонските фирми многу тешко може да се пробијат на странскиот пазар преку тендери, поради слабата информираност за законите и неможноста да ги исполнат условите. Понатаму не се доволно стручно и технички подготвени да го реализираат проектот по конкурентна цена.

Во сегашни услови на криза, единствено нешто кое успешно се извезува од Македонија е ефтината работна сила и младите дипломци, кои што се исто така без организиран пристап и постои можност да бидат изиграни бидејќки не ги познаваат законите и најчеста причина е тоа што прифаќаат услови за работа и наплата на трудот, далеку под пропишаните тамошни закони.

 

 

Спасовска Донка

Директор/Менаџер на Човечки ресурси

 
Статистика
Гледања на содржината : 209531
Присутни гости
Има 6 гости присутни