Главно мени
Дома Прашања Прашања и совети Што е интервју и зошто служи


Погрешен човек на погрешно место, лошо запослување негативно влијае на самата личност која се наоѓа на, за неа неадекватно место, на претприатието, а и на личноста која го вработила.

Истражувањата на можни примероци за лошо вработување на површина ги изнесе следниве работи:

  • Непрецизна, неточна анализа и описот на работното место
  • површна анализа на способнисте потребни за добро вршење на работата
  • неадекватна подготовка на селективната постапка, особено врзани со интервјуто
  • непознавање на техника за поставување прашања
  • непроверување на препораките за кандидатот

Некои од овие грешки можат да се намалат со добро изведено интервју.Од сите техники за избор на работници интервјуто е најчесто користена техника.

Интервјуто не само што најчесто се користи туку остава најголем впечаток за тоа кој кандидат ќе се прими. Кандидатот кој што ке остави лош впечаток на интервјуто веројатно нема да добие работа без обзир на своите квалификации, работно искуство или добар резултат на тестовите.

Сите дефиниции за интервју вклучуваат средба две или повеќе личности кои имаат некоја цел.

Интервјуирање е слично на свирење на клавир, можете сами да го научите до одреден степен, ама огромна е разликатаво мајсторијата, техниката и нијансата помеѓу аматер кој свири по слух и концертен пијанист.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209527
Присутни гости
Има 2 гости присутни