Главно мени
Дома Совети Тестирање Психолошко тестирање


Повикани сте на психолошко тестирање?! Немојте да паничите, тоа е веќе добар знак! Пред се психолошкото тестирање не е баш ефтина процедура и ако работодавачот одлучил вас да ве вклопи во неа, значи дека сте влегле во тесниот круг на потенцијалните кандидати за соодветното работно место. Во првиот круг се „елиминираат“ оние со непотполни апликации, потоа од преостанатите се издвојуваат оние кои ветуваат т.е оние кои се исплати да се тестираат и меѓу кој е и срекниот запосленик.

Што се се испитува психолошки? Накратко: способности за извршување на работни задачи и особини на личноста, односно, во која мера се усогласуваат со потребите на работата и работната средина.

Сега малку поопширно. Можеби за некого сте слушнале дека е многу паметен и способен за се, а за некој друг дека ништо во животот не му оди? Тоа не е вистина. Не постојат луѓе кои што се паметни и способни за се, ниту пак оние на кои ништо не им оди од рака во животот. Секој човек има потенцијал, само треба да ги дефинира своите способности и цели и да најде начин како да ги усмери во вистинскиот правец и од нив да заработи.

Некои тестови ја мерат општата интелегенција (изразена преку коефициент на интелегенција - IQ), додека други мерат специфични фактори на интелегенција.

Резултатот од тестовите за специфични способности може да ги дефинира успехот и способностите за специфичните работни позиции во Успех во останатите работи може да се предвиди од резултаите од тестовите за специфични способности - зависно од профилот на работното место на пример ако се натпреварувате за место сметководител, најверојатно ке добиете решавање на математичко - логички задачи. Ако сакате да станете портпарол, ќе ви ја тестираат вербалната интелегенција т.е колку добро знаете да се изразувате и колку брзо сте во можност да размените друга интерперсонална интелегенција: какви сте во однос со другите.

Постојат различни модели на интелегенција, денеска во пракса најчесто се употребува Гарднеров модел.

Освен претходно споменатите интелегенции во Гарднеровиот модел има уште четири: просторна, телесна, вокална и лична (интраперсонална)

На интернет има полно бесплатни тестови кои можете да ги решавате за проба, од нив нема да станете поинтелегентни, туку на вистинското тестирање ќе бидете порелаксирани.

Ни најголеми способности нема да ви помогнат да добиете работа ако на тестот за личност се покаже дека сте претерано невротичен, агрсивен, конфликтен, опседнат со себе, несовесен или пак ако лажете.

Најдобар совет кој може тука да ви се даде е да бидете искрени. И немојте гласно да приговарате како прашањата се глупи, кој ги составил и сл. Верувајте секоја реченица е на право место и немојте да тактизирате, наједноставно е да бидете искрени.

Ако на крај не ве примат на тоа работно место, не значи дека вие не чините и дека никогаш нема да добиете работа. Тоа значи дека некој од останатите кандидати подобро се вклопил во она што работодавецот го барал. Немојте да се обесхрабрите!

 
Статистика
Гледања на содржината : 209533
Присутни гости
Има 8 гости присутни