Главно мени
Дома Совети Интервју Се што сакате да знаете за интервјуто


Цел на интервјуто

Интервјуто ни дава можност да во своето претпријатие вработите личност која на конкретно работно место осигура најголема добивка, а притоа и самата ќе биде задоволна со својата работа.

Значи целта на интервјуто е:

  1. Да се соберат податоци за тоа колку личноста е прикладна за некое работно место.
  2. Да му даде на кандидатот доволно податоци, како би можела да одлучи дали ќе го прифати или одбие работното место.
  3. Да го увери кандидатот дека целата процедура за избор на работноци е чесна.

Интервју - разговор за работа

Интервјуто можеме да го дефинираме како суштински разговор помеѓу две или повеќе личности преку кое личноста кое што го води интервјуто сака да го запознае кандидатот, неговите способности и вештини потребни за одредено работно место. Битно е да сватите дека интервјуто и на Вас ви нуди можност да испитате како функционира претпријатието, која би била вашата работа што претпријатието ја нуди.

Интервјуто е многу стресна работа за самите кандидати.Тремата пред и за време на интервјуто е нормална појава која со квалитетна подготовка можете да ја минимизирате.

Ве советуваме пред интервјуто да се распрашате за слидниве детали:

  1. Тип на интервју кое што ве очекува.
    Информациите за типот на интервју кое ве очекува можете да ги дознаете со контактирање на личноста која ќе ве интервјуира
  2. Важни информации за претпријатието која распишала конкурс.
    За време на интервјуто можат да ве прашаат што знаете за нивното претпријатие како би можеле да видат дали сте заинтересирани за работното место за кое сте се пријавиле. Знаејки ги информациите за претпријатието покажува дека сте личност која се подготвува однапред и која знае да дојде до потребните податоци. Во Ваш интерес е да покажете голема мера на информираност.
    Предлагаме што повеќе да се информирате за:
  • главните производи/услуги на претпријатието
  • финансиската состојба на претпријатието
  • развојот и пофалбите на претпријатието
  • локацијата и бројот на вработени во претпријатието
  • Најголемата конкуренција

Сите овие информации можете да ги сознаете на интернет страниците на претпријатието, во весниците, преку луѓето кои веке работат во претпријатието.

Пред интервјуто, повторно прочитајте ја вашата биографија, бидејки личноста која што ке ве интервјуира ке бара од вас појаснување за наведените работи во него.

За време на интервјуто братете внимание на комуникациските вештини и невербалните знакови.

1. Комуникациски вештини

  • Контролирајте ја јачината на гласот. Немојте да зборувате прегласно бидејки ќе оставите впечаток на агресивна личност, а со претивок тон на гласот оддавате впечаток за немање самодоверба.
  • Не зборувајте пребрзо бидејки вашиот соговорник нема да ве разбере.
  • Говорете отворено бидејки ке оставите впечаток дека сте личност која нешто крие
  • Говорете литературно. Избегнувајте сленгови, дијалекти, а најмногу пцовки.
  • Не го прекинувајте соговорникот додека зборува

2. Невербални знакови

Негативни примери:

  • Згрбавеност (недостаток на самодоверба)
  • Прекрстени раце и прекрстени нозе (понекогаш оставаат впечаток на одбрамбен став)
  • Стискање на дланките, чепкање на ноктите (нервоза)
  • играње со косата, зафрлување на косата (нервоза)

Позитивни примери:

  • исправено седење
  • директен контакт со очите
  • повремено насмевнување
  • мирни дланки и раце

Совет за крај. Опуштете се, пробајте да бидете природни и не заборавајте дека успешноста на интервјуто не зависи само од вас, туку и од личноста која ве интервјуира. На крајот на разговорот обавезно заблагодарете се за времето кое ви е посветено.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209549
Присутни гости
Има 24 гости присутни