Главно мени
Дома Совети Интервју Правила за однесување на интервју


Дојдете порано. Пред да тргнете на интервју пресметајте колку време ви треба да стигнете до местото за интервју, проверете ја локацијата и како да стигнете до неа. Нема ништо полошо од доцнењето на интервју. Со доцнењето покажувате дека не го цените времето кое што личноста што треба да ве интервјуира го одвоила за вас и така оставате впечаток дека сте непрофесиален. Освен што на интервјуто не смеете да дојдете прекасно исто така не смеете да дојдете ни прерано. Предлагаме на интервјуто да дојдете максимум 15 минути порано за да не и сметате на личноста која ќе ве интервјуира во нејзините обврски.

Бидете складно облечени. Вашата облека треба да биде складна со работното место за кое што одите на интервју. Доколку сте повикани на интервју за во банка, немојте да пробувате да бидете оригинални и со облеката да ги нагласувате своите ставови и уверувања. Голема е веројатноста дека заради тоа нема да бидете примени. Од друга страна, доколку се натпреварувате за работно место која бара одредена доза на креативност (на пример графички дизајнер) можете да си дозволите мала доза на оригиналност во облеката. Затоа прилагодете ја гардеробата со работното место. Важно е да се чувствувате удобно во облеката која сте ја одбрале, да е прикладна на работното место за кое се натпреварувате и да работи за вас, а не против вас.

Обрнете внимание на ракувањето. Првиот впечаток може да биде пресуден и затоа обавезен цврст стисок на раката при ракување во првиот физички контакт со личноста која ве интервјуира. Сепак пазете! Прецврс стисок може да се свати како агресивност, а преблаг стисок оддавате впечаток на личност на која не може човек да се ослони и на која и недостасува самодоверба.

Воспоставете контакт со очите. При ракувањето, но и за време на интервјуто важно е да воспоставите контакт со очите бидејки тоа кажува многу за вашата самодоверба и искреноста на вашите одговори. Немојте погледот да ви шета низ просторијата, бидејки ке делувате несигурно и неискрено.

Информирајте се. Дојзнајте ги сите битни информации за претпријатието преку интернет, пријатели и сите други расположливи извори. Така ке покажете дека навистина сте заинтересиран за одредената работа, а и ке можете да ги прилагодите вашите барања во поглед на плата и останатите очекувања.

Однесувајте се кон сите со почитување. Сите го заслужуваат вашето почитување, и господинот на рецепција и госпоѓата во канцеларија. Можеби баш нив ќе ги прашаат да прокоментираат за вашето однесување и затоа бидете пристојни со сите запослени во претпријатието во кое се наоѓате.

Навремено известете го работодавачот за недоаѓање на интервју. Доколку сте незаинтересирани за работата или сте спречени заради одредени причини, бидете коректни и известете ги на време. Со неизвестување не само што сте му го одземале времето на интервјуистата туку можеби сте ја скратиле шансата на некој од другите пријавени кандидати. Може да се случи и интервјуистата информацијата за вашето недоаѓање да ја пренесе на неговите колеги и на тој начин ви се намалуваат шансите за ваше вработување и во друга фирма.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209545
Присутни гости
Има 20 гости присутни