Главно мени
Дома Совети Интервју Најчести прашања за време на интервју


Со квалитетна подготовка за интервју имате завршено половина од работата. За да ви помогнеме издвоивме неколку најчесто поставувани прашања.

За време на одговарање на прашањата:

  • Внимавајте на начинот на изразување
  • говорете јасно и доволно гласно
  • одговарајте кратко и јасно, ама избегнувајте да-не одговори
  • немојте да лажете
  • слободно застанете секунда или две и составете го одговорот во вашата глава
  • бидете спремни за хипотетички ситуации и неочекувани прашања

Кажете нешто за себе. Звучи едноставно, но не е лесно да се одговори на ова прашање. Не ги интересираат приказни од вашето детство или што правите преку викенд. Со неколку реченици истакнете ги своите најважни карактеристики, своите работни достигнувања и цели во животот.

Каде се гледате за пет години? Преку ова прашање се сака да се провери колку сте флексибилни, односно во која мера сте спремни своите планови да ги подредите со желбите на фирмата. Можете да одговорите: Примарно ми е да се докажам на работа и со своето залагање и квалитет да напредувам во склад со резултатите на вашето претпријатие.

Зошто баш вас да ве вработиме? Сумирајте го своето искуство: Со своето повеќегодишно работење во таа област стакнав многу познанства и поседувам големо искуство кое може да му помогне на вашето претпријатие.

Зошто ја сменивте (или сакате да ја смените) вашата работа? Предлагаме на ова прашање да одговорите со позитивен дух: Бев задоволен со претходната работа, но дојдов до точка каде што веќе немам можност за напредување и заклучив дека најдобро е да продолжам понатака.

Кои се вашите слабости? Минимизирајте ги вашите слабости и нагласете ги своите предности. Изоставете ги личните квалитети и концентрирајте се на професионалните особини. Опомена: Пазете да не испаднете пресовршен.

Зошто сакате да работите кај нас? Со ова прашање треба да се дознае дали сте се пријавиле без некоја посебна причина или добро сте размислиле за тоа работно место. Предлагаме да на ова прашање ги истакнете предностите на фирмата кои ве привлекле да пратите пријава: Сметам дека вашето претпријатие ги цени луѓето како најголемо богатство и им овозможува квалитетен развој и затоа е на врвот на мојата листа на најпосакувани работодавачи.

Која плата ја очекувате? Доколку имате доволно работно искуство можете да ја кажете платата испод која не би работеле. Ако тоа ви е прва работа или не сте сигурни што да одговорите, можете да возвратите со подпрашање: Која е вообичаена плата за ова работно место во вашето претпријатие?

Кои се вашите цели? Предлагаме да се концентрирате на краткорочни цели. На пример: Имам голема желба да се вработам во некое претпријатие кое од година во година се повеке напредува. Сигурен сум дека со развојот на претпријатието и јас ке напредувам до некои одговорни позиции.

Што ве прави среќен на работа? Интервјуистата сака да сознае што ве мотивира како би си создал слика за вашите склоности. На ова прашање одговорете со опишување на ситуација во која сте биле среќен заради некоја работна задача или успех.

Имате ли некое прашање? Пред крај на интервјуто интервјуистата може да ве праша дали имате некое прашање кое би сакале да го поставите. Затоа пред да дојдете на интервју смислете неколку прашања. Иако во текот на интервјуто сте ги дознале одговорите на тие прашања, можете да кажете: „Би сакал да Ве прашам......., ама во текот на интервјуто го добив одговорот на тоа прашање“ На овој начин покажувате дека сте заинтересиран, но и дека внимателно сте го слушале соговорникот.

Прашања кио можете да ги поставите:

  • Кои се главни одговорности и обврски за тоа работно место?
  • Како очекува претпријатието да ги оствари своите цели и во кој временски рок?
  • Дали често се работи прекувремено?
  • Колку годишен одмор имаат вработените?
  • Можност за едукација во склоп со работното место?
 
Статистика
Гледања на содржината : 209543
Присутни гости
Има 18 гости присутни