Главно мени
Дома Совети Интервју Типови на интевју и нивни вредности


Во употреба се неколку типови на интервјуа. Некои се користат почесто (како што се структуирано и неструктуирано интервју, а стресното интервју се користи за многу специфични работни места.

  • Структуирано интервју
    Тоа е интервју кое се води по претходно утврден план. Држејки се на тој план човекот кол што до врпи интервјуто одржува контрола над процесот и така ги собира сите потребни информации. Предноста на ова интервју е што сите кандидати ги става во иста позиција: сите се во прилика да одговорат на исти прашања.
  •  

  • Неструктуирано интервју
    Ова интервју се води без претходно утврдена листа на прашања. Чести се отворени прашања како: Кажете ми нешто за претходното работно место. Во вакво интервју се јавува голем број на грешки. Интервјуистата дава позитивни мислења за личноста која што е слична на него, претерана тежина се дава на негативните информации за кандидатот, а позитивните се занемаруваат, за процената делува и редот по кој кандидатите се интервјуирани. Со тоа податоците добиени од ваков тип на интервју обично не се поврзани со идниот успех на работното место. Во однос на структуирано интервју, ова овозможува воспоставување на поопуштена атмосвера (Ова интервју прикладно е за советодавни работи).

Постојат уште три типа на интервјуа чија употреба е ограничена на некои посебни ситуации. Тоа се:

  • Стресно интервју
    Иако секое интервју е повеќе или помалку стресно, овој тип намерно се прави да биде што повеќе стресео. На пр. кандидатот се остава што повеќе да чека за да почне интервјуто (во ходник, без столче, а сите што поминуваат чудно го гледаат), а потоа интервјуистата спрема кандидатот се однесува многу напријателски и арогантно. Така уште на почетокот од селективниот круг се исклучуваат емоционално осетливи личности - ако се работи за работа каде што таквата особина може да биде контраиндикативна на успехот (војска, полиција и некои други специјални служби). За поголем дел од работните места не го препорачуваме.

  • Панел интервју
    Ова интервју го водат двајца или повеќе личности - структуирано или неструктуирано со еден кандидат

  • Групно интервју
    Повеќе кандидати за работа заедно се интервјуираат преку групна расправа која може да биде структуирана и неструктуирана.

Веќе седумдесет години се истражува вредноста на интервјуто при запослување, а со цел да се:

  • утврди веродостојноста и важноста на одлуката за запослување која се темели на процената добиена од интервјуто.
  • откријат различни психолошки фактори кои влијаат на процената на интервјуистата.

До неодамна интервјуто се сметаше за прилично неверодостојно средство за одлучување за прием на работа. Тоа сеуште важи за неструктуирано интервју, т.е. интервју кое е кратко, површно и со случајно избрани прашања. Грешките со кои е ова оптеретено се исти со оние кога ќе се излажеме при процена на луѓе во било која ситуација.
Структуирано и добро припремено интервју ги смалува шансите за вакви грешки и постанува успешно средство за процена на кандидати. Корелациите помеѓу процена на кандидати и селекциско интервју и покасно процена на нивните работни успеси (направениод личност која не била на интервју) се движи во распон од 0.61 до фантастични 0.96.

Истражувањата покажуваат дека треба да бидат исполнети следниве услови:

  • Интервјуто е ограничено на особините на кандидатите за кои претходните анализи на работното место покажале дека се значајни за успешно одвивање на работата.
  • Интервјуистите се посебно тренирани за објективно вреднување на однесувањето на кандидатите.
  • Интервјуто се води према посебни, добро припремени прашалници и обрасци.
 
Статистика
Гледања на содржината : 209551
Присутни гости
Има 26 гости присутни