Главно мени
Дома Совети Интервју Најчести грешки за време на интервју


Лажење. Лажењето не е опција. Порано или подоцна вистината ќе дојде на површина, а последиците можат да бидат незгодни. Запомнете дека личноста која ве интервјуира секогаш може да постави подпрашање и на тој начин да открие дека ја лажете. Со тоа сами си ја имате затворено вратата во тоа претпријатие.

Оговарање на поранешниот работодавач. Интервјуто не е место за оговарање на вашиот поранешен или сегашен работодавач.Ако го критикувате вашиот шеф или колеги, личноста која ве интервјуира може да си помисли дека имате проблем со авторитетот и дека сте склони на оговарање. Во таква ситуација вие излегувате како лоша личност, а не вашиот шеф.

Непристојност. За време на интервјуто однесувајте се професионално и љубезно. Можеби ви се чини дека сте и симпатичен на личноста која ве интервјуира, но тоа не значи дека сте постанале најдобри пријатели.Бидете пристојни и максимално опуштени. Ако приметите дека сте испаднале непристоен, веднаш извинете се.

Песимизам. Со песимистички ставови нема далеку да стигнете.Личноста со која разговарате ќе ве доживее како негативна личност, а можеби и на нејзе сте и го расипале расположението што би можело да влијае на резултатите од интевјуто.

Неприпременост. Пред интервјуто прочитајте ја уште еднаш вашата биографија и огласот за работа. Така ке ја избегнете незгодната ситуација настаната доколку не можете да се сетите на делови од вашата биографија и ќе ги запамтите бараните квалитети во огласот и ќе можете да покажете дека ги поседувате тие квалитети.

Нервоза. Со нервозен настап можете да оставите впечаток како личност неспособна за вршење на одредена работа.

Лош прв впечаток. Првиот впечаток се остава во првите неколку минути и понатамошниот тек на интервјуто зависи од првиот впечаток кој што сте го оставиле. Понекогаш првиот впечаток е пресуден и не смеете да оставите негативен впечаток.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209548
Присутни гости
Има 23 гости присутни