Главно мени
Дома Совети Интервју Преговарање за плата совети и упаства


Без разлика дали сте во потрага по работа, па ве чека интервју со работодавецот или пак сте вработени, а сакате покачување, сепак ќе бидете во ситуација да барате покачување на платата. Еве неколку совети кои би ви помогнале.

  • Кога барате работа

Доколку сте дојдени на прво интервју за работа, Ве советуваме да не ја споменувате платата, доколку немате добри причини за тоа и доколку работодавачот не Ве праша за очекувањата околу платата. Почекајте да влезете во потесниот круг на кандидати за работа бидејќи така е посигурно дека ќе ја добиете работата, а со тоа и работодавачот сваќа колку вредите, што сепак ја прави вашата преговарачка ситуација појака.Постои и можност и сами да се откажете после првото интервју, така да нема основа за нешто посебно преговарање околу платата се додека не сте сигурни дека можете и сакате да работите во таа компанија.

Сепак доколку работодавачот Ве праша и очекува од Вас да му кажете колкава плата сакате, немојте да избегнувате одговор, бидејќки така се стекнува впечаток дека не умеете да ги процените своите способности или пак немате јасни ставови за својата работа.

Пробајте да ја процените компанијата, впечатокот кој го оставате на работодавачот, своите способности и своите потреби и дајте одговор во рамките на ситуацијата. Важно е да не се потцените, но и да не барате превисока плата која не е во склад со вашиот моментален капацитет и позицијата за која конкурирате. Затоа е добро да знаете нешто повеќе за задолженијата кои Ве очекуваат на таа позиција така да слободно барајте повеќе информации за работното место, обврските и нивните очекувања од Вас.

Предложите почетна плата и објаснете дека сте спремни да работите за таа плата се додека не навлезете во работата и додека не почнете да се докажувате. Но да се има во предвид дека со Вашето напредување во работата и допринос во компанијата, се надевате дека и износот на платата ќе расте. Доколку не можете да одредите точно плата предложете некој распон на плата  за кој мислите дека е фер.

Понекогаш од работодавачот можете да дознаете колку е спремен тој да понуди, пред Вие да ги изнесете Вашите очекувања. Имајте на ум дека и прво понудената плата може да биде подложна и на понатамошни преговори, во некои мерки, што пак на Вас ви остава можност да ја откажете идеата за изнесување на Вашите очекувања за плата.

Сепак водете сметка на тоа дека постои разлика помеѓу преговарање и ценкања. Ценкањето околу платата не се цени. Доколку имате добри предиспозиции и Вашите квалификации за тоа работно место се одлични, тогаш имате простор да преговарате. Доколку го немате соодветното искуство или пак ги немате соодветните квалификации, пожелно е воопшто да не се впуштате во таков муабет, таков однос може да пренесе порака дека се преценувате.

Кога еднаш ќе ги презентирате Вашите очекувања, околу висината на платата,како и други услови кои ги очекувате, немојте постојано да додавате по нешто ново на тој список бидејќи тоа делува невкусно. Работодавачот може да  е спремен за преговори за додатни услови, но ќе цени доколку сите барања ги изложите наеднаш.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209546
Присутни гости
Има 21 гости присутни