Главно мени
Дома Совети Интервју Барање за покачување на платата


Пред самиот состанок со шефот најбитно е да сте добро припремени – сумирајте ги Вашите достигнувања и успесите во таа компанија, сето тоа поткрепете го со докази. Размислите што би можел да Ве праша шефот и што би можел да ви приговори за вашите барања и бидете спремни со одговор.

  • Припремите алтернатива – Запрашајте се : Што ако ме одбие? Размислете дали сте толку незадоволни и дали сакате да ја смените работата, доколку не Ви се исполнат барањата или пак би продолжиле да работите за истата плата. Можеби би биле задоволни доколку и работодавачот Ви понуди некои други бенифиции како на пример службено возило, посета на курсеви некоја друга алтернатива.
  • Размислите дали е вистинско време да барате покачување – на прашање за моменталниот квалитет во работата кој го давате и состојбата во која се наоѓа компанијата. Не бркајте го шефот по ходници , туку смирено и прибрано побарајте состанок.
  • Во текот на самиот разговор прво претставите ги своите квалитети – Битно е да Му докажете на работодавачот дека доста сте напреднале или допринеле за развојот на компанијата. Бидете убедителни и верувајте во себе бидејќи само така можете да го убедите шефот дека баш Вие како запослен во компанијата треба да имате покачување.
  • Не претерувајте со барањата – Бидете реални и не го преувеличувајте своето значење бидејќи може да делувате несериозно. Не преговарајте за се и сешто, бидете конкретни. На тој начин ќе ја смалите напнатоста во разговорот и полесно ќе постигнете обострано задоволство. Доколку видите дека шефот е спремен за покачување, бидете реални во барањата. Расрашајте се за работните условите на запослени во други компании од иста бранша и при тоа имајте на ум тие информации.
  • Освен прикажувањето на Вашите постигнувања во рамките на компанијата корисно би било во текот на состанокот да предложите и некои нови проекти кои можат да допринесат за развој на компанијата и секако опишете ја Вашата улога во нивната реализација, односно потреудете се да дадете конкретна визија за Вашето идно напредување и како сето тоа што го говорите и презентирате ќе влијае на развојот на компанијата.
  • Покажете му на работодавачот дека како вработен во неговата компанија сепак го цените сето тоа што тој го има направено за Вас, за сето тоа што тој го има вложено во Вас. Битно е во текот на разговорот да ставите на знаење дека не Ве интересираат само парите и дека не Ви се пресуден фактор за Вашата работа.
  • Слушнете ја и другата страна – е едно од најважните правила во процесот на преговарање. Секако и другата страна ќе има свои побарувања. За да разберете што всушност ќе бара другата страна од Вас морате да прашате и внимателно да ги ислушате причините и објаснувањата. Кога ќе сватите што всушност се бара од Вас во процесот на преговарање, ќе можете да дојдете до заклучок, така да секој дојде до тоа што го бара и биде задоволен. Пред да барате покачување на платата , пожелно е да размислите малце за тоа што би можел да бара од Вас шефот и во старт да бидете подготвени за неговите побарувања, но сепак не можете во целост да бидете сигурни во тоа затоа што може и да се неточни Вашите претпоставки. За да битете сигурни дали е тоа што Вие го мислите вистинското што ќе го бара од Вас работодавачот, ќе морате внимателно да го ислушате и да ги оцените неговите потреби.
  • Бидете сигурни во своите барања – утврдите што точно сакате и бидете сигурни во тоа. Доколку се колебате, не сте сигурни во тоа, дали навистина го заслужувате побараното, дали Вашето побарување има реална основа да го добиете тоа, Вие ќе се претставите во слабо светло и ќе оставите впечаток на слаб преговарач.
  • Не сте дојдени да се конфротирате – Изнесете го тоа што Ви е важно, без многу муабетења во завиена форма, но сепак достоинствено и на ниво. Запаметете една многу важна работа: Вие и вашиот работодавач не треба да бидете завојувани, спротиставени страни, доколку тоа за Вас претставува фирма во која се гледате уште многу долго време. Треба да бидете на иста страна и да ја гледате заедничката соработка. Вашиот успех треба да биде успех и на фирмата, а секако и обратно.
  • Не инсистирајте на моментален одговор – Доколку Ви кажат дека за тоа ќе бидете дополнително известени, почитувајте го тоа. Доколку Ви се брза со одговор, замолете го работодавачот да ви каже проценка за времето за кое би биле известени. Доколку не добиете одговор во договорениот временски интервал, побарајте нова средба и прашајте за резултатот од преговорите.
 
Статистика
Гледања на содржината : 209550
Присутни гости
Има 25 гости присутни