Главно мени
Дома Совети Интервју Како да се облчете за на интервју?


Прво што треба да направите е да проверите дали компанијата има некојпосебен кодекс на облекување. Доколку фирмата нема некој посебен кодекс на облекување, облечете се како што се облекуваат луѓето од бизнис круговите.

  • Избегнувајте екстравагантана и упадлива гаредероба, бидејќи не сте на модна писта. Не смеете да дозволите гаредробата да привлече повеќе внимание од Вашите професионални квалитети.
  • Облечете се трендовски, но следејки ги трендовите на бизнис облекувањето, бидејќи во ред е да покажете дека се грижите за својот изглед но сепак тоа да не биде пренагласено.
  • Не  облекувајте гардероба во која не се чувствувате пријатно, зошто сепак кога ќе се чувствтвувате пријатно во гардеробата што ја носите ќе бидтете и посамоуверени.
  • Вашата гардероба мора да биде беспрекорно чиста и испеглана, а чевлите исчистени. Избегнувајте материјали кои лесно се гужваат. Торбата која ќе ја носите со Вас, како и евентуалните пропратни материјали (бележник, пенкало..) треба да оставаат впечаток на бизнис особа, да бидат сочувани и чисти. Не носете со себе преголема торба, бидејќи сите знаат дека сте дошле на интервју за работа и не Ви е потребна куќна апотека во торбата или пак три бележника.
  • Носете часовник, така ќе ставите до знаење дека сте личност која води сметка за времето, со тоа што избегнувајте да гледате на часовникот додека трае интервјуто да не изгледате како да едвај чекате да заврши.
  • Избегнувајте јаки парфеми, дезодоранси или колонски води.
  • Немој да пушите пред интервјуто, затоа што непријатниот мирис од цигарите ќе се осети за време на интервјуто.
  • Погрижете се за вашата лична хигиена- измијте ја коста и истуширајте се пред интервјуто, измијте заби, внимавајте на кожата на рацете, исечете нокти на рацете.
  • Проверете како изгледате пред да влезете во компанијата. Направете брза проверка на косата дали е во ред, дали краватата Ви стои право, тоа сепак ќе Ви даде мала самодоверба.

За мажи:

Ако компанијата припаѓа на веќе формална индустрија – од дејност како банкараство, правна служба и друго,сигурно нема да погрешите ако облечете сако и ставите кравата. Можете да се придржувате на сако во црна боја, сиво или пак тегет боја, кравата со прикладна боја и црни чевли. Доколку немате сако обечите панталони (не фармерки) и кошула со смирени бои, едноставен џемпер над кошулата доколку е ладно. Патики не се препорачуваат. Ако пак знаете дека во компанијата кај што Ве чека интервју не се очекува толку формално облекување, облечите удобни панталони, кошула и чевли, но секако треба да внимавате на боите да не би изгледале како виножито и целото внимание наместо на Вас да биде фокусирано на Вашата гардероба.

За жени:

Доколку фирмата припаѓа на веќе формална индустрија – облечете класичен комплет: сако со панталони или пак сукња. Доколку пак во компанијата не се очекува токлу формално облекување, облечите панталони и прикладна кошула со умерени бои.

Доколу носите сукња, обавезно облечите тенки чорапи месо боја. Сукњата не треба да биде ни премногу кратка ни премногу долга. Најдобра должина е онаа до колена.

Не дозволувајте да Ви се гледа долната гардероба. Црн градник под бела кошула е погрешна комбинација, како и плитки панталони од кои излегува долниата гардероба кога ќе се наведнете.

Чевлите треба да Ви бидат затворени, а штиклата да не е превисока. Избегнувајте нападна шминка и накит. Отстапки се можни доколку тоа се дозволува во компанијата.Скратете ги ноктите

 
Статистика
Гледања на содржината : 209544
Присутни гости
Има 19 гости присутни