Главно мени
Дома Совети Биографија Совети за пишување биографија


 

Биографијата е вашата лична карта - содржина на знаењето и вештините кои ги поседувате. Биографијата мора да биде прегледна, кратка, јасна и да ги содржи следниве информации:

  • општи податоци
  • податоци за формална едукација
  • податоци за неформална едукација
  • работно искуство
  • податоци за знаење на странски јазици и компјутерски програми
  • хоби
  • препораки

Под општи податоци подразбираме име и презиме,адреса,број на телефон, електронска пошта и година на раѓање. Тоа се податоци со кои што работодавецот може да ве контактира и затоа добро проверете дали сте ги запишале точните броеви на телефоните и точна електронска пошта.

Формална едукација уклучува средно школо, факултет (и смер) и евентуално завршени постдипломски студии.
Кога ги запишувате податоците за работното искуство, тогаш треба да го неведете и името на фирмата, името на работното место т.е задачите кои сте ги извршувале.

Податоците за едукација и работно искуство се наведуваат по обратен хронолошки редослед и мора да биде означено во кое време траеле. Тоа е битно бидејки личноста која ќе ја чита вашата биографија може да го види траењето и динамиката на вашет школување, односно работното искуство. Така најголемиот степен на едукација (пр. факултет) ќе го ставите на прво место, а пониските од тој степен (средно школо) на второ место.

Многу е важно да го наведете временскиот период кој што сте работеле одредена работа, односно временскиот период кога сте се школувале. Доколку тоа не го направите, си ги смалувате шансите да ве повикаат на интервју бидејки потенцијалниот работодавач може да помисли дека тие податоци не ги наведувате за да ја прикриете краткотрајната работа.. Нема ништо лошо во тоа што некоја позиција сте ја работеле кратко време доколку сте имале важна причина за напуштање. Тоа напуштање може да биде пример за одење на подобро платено работно место или работно место кое што повеќе ги задоволува вашите амбиции. Тоа мора да биде видливо од податоците кои ги наведувате.

Освен формалната едукација и работно искуство, потребно е да се наведе и неформална едукација која ги подразбира сите семинари и курсеви кои што сте ги посетувале, проекти на кои што сте работеле, конференции, трибини и сл.

Во биографијата ќе ги наведете и странските јазици и информатичките програми кои што ги владеете. При наведувањето на странските јазици и информатички програми потребно е да го наведете степенот на познавање и користење на поедин јазик или програма.

Хоби покрај спортот, читање стручна литература и белетристика, креативност и сл. даваат на вашата биографија една додатна димензија која му покажува на работодавачот дека сте личност која се интересира за разни работи. Денеска веќе не е добро да се биде добар во едно подрачје, туку од вас се очекува да покажувате интереси и остварувате резултати во сите подрачја од животот.

Во биографијата можете да ги вклучите и препораките од бившите работодавачи и професори од факултетот. Доколку на работа или на факултет сте оствариле значајни резултати, секако прашајте го работодавачот или професорот дали може да ви напишат препорака за да ја впишете во биографијата. На тој начин ќе му покажете на работодавачот дека вашите професори или бивши работодавци имаат за вас добро мислење и дека сте личност која се исплати да се вработи.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209538
Присутни гости
Има 13 гости присутни