Главно мени
Дома Совети Биографија Како да напишеш добра биографија


Биографијата е вашата лична слика при запослувањето. Начинот на кој што ќе се претставите во неа може да ви овозможи доаѓање на интервју или да ве исклучи уште во првиот круг. Не постои совршена биографија која ќе ви осигура работа, ама затоа постојат неколку основни правила кои треба да се почитуваат за да биографијата изгледа професионално и би ја постигнале својата цел, односно би привлекле внимание на работодавецот и би му пружиле јасни информации поради кои ќе посака Вас да ве уклучи во „тесниот круг“ и да ве повика на интервју.


1. Вистинитост - Обратете внимание на вистинитоста на податоците кои ги наведувате во биографијата. Невистинити информации, како и оние за кои би ви било незгодно да зборувате за време на интервјуто, секако дека треба да ги избегнете.

2.Должина и објективност - зависно од Вашето искуство, биографијата може да биде долга една, две или повеќе страници. Доколку немате значајно работно искуство и Вашата биографија заради тоа е кратка, немојте да претерувате со опширно објаснување на останатите информации. Важно е да ги изнесете сите детали објективно и пропратено со кратко објаснуванје. На интервју ќе добиете можност опширно да ја објасните биографијата.

3. Редослед на пишување на информациите – информациите за едукација и работното искуство се внесуваат во обратен хронолошки редослед, користите стручни термини, но избегнувајте претерана употреба на кратенки (упатува на немарност).

4. Уредност и правопис – Биографијата пишувајте ја на компјутер, пожелно во табеларен приказ. Препорачуваме користење на исти фонтови, еднакви големини. Биографијата мора да биде граматички точна, припазите на големи букви, празни места после запирка, точки...

5. Праќање преку електронска пошта – ако биографијата ја праќате преку електронска пошта, спремите документ со екстензија .rtf ili .pdf (наместо .doc) како би избегнале можност на праќање на вируси со што вашата биографија ќе биде избришана пред некој да го прочита.

Откако сте завршиле со пишувањето на биографијата, прегледајте ја уште еднаш и замолете некоја друга личност (пријател, родител, колега...) да ја прочита за да пронајде евентуална грешка или нејаснотија.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209539
Присутни гости
Има 14 гости присутни