Главно мени
Дома Совети Биографија Како да напишете пропратно писмо


Пропратното писмо (ПП) е документ кој ја прати Вашата биографија, кога се пријавувате за работа. Како што CV – то претставува документ кој што се пишува по одреден шаблон и на тој начин е сличен од кандидат до кандидат, така пропратното писмо е Ваша прилика да оставите некој индивидуален печат на својата биографија и да ги искажете своите специфичности. ПП претставува кратка форма на документ од околу 200-250 збора, а неговата цел е да го воведе работодавачот во Вашето ЦВ, да укаже на активности и карактеристики кои се од посебно значење за пријавата. Вашето ПП би требало да одговори на прашањата кои работодавачот би можел себе да си ги постави читајќи го Вашето CV. Накратко целта на ПП е да одговори на прашањето на работодавачот: Зошто би требало да го запослам токму овој кандидат?

  • Форма

Пропрстното писмо има форма на службено писмо: вашата адреса информации за контакт доаѓаат под вашето име во десниот горен агол на страницата. Под тоа од левата страна напишете го името на особата на која се обраќате, како и неговата/нејзината функција и организацијата во која работи.

Ако го знаете името на особата на која и пишувате започнете со ”Почитувани господине или госпоѓо/госпоѓице”, односно доколкуго пишувате ПП на Англиски јазик започнете со “Dear Мr, Mrs, Ms”.

Доколку немате име за контакт , писмото адерсирајте го само на компанијата. ПП на крај треба да го завршите со поздрав: “Со почит”, или пак на Англиски: ”Kind regards”. Доколку не го знаете името за контакт започнете со Почитувани/Почитувана, или пак во англиска варијанта Dear Sirs, or Dear Sir or Madam. На крајот од пропратното писмо наведите го местото и датумот напишувањето на писмото.

Под него наведите кои документи ги прилошувате со пријавата. Доколку доставувате само ЦВ , доволно е да го споменете во самиот текст на ПП. Доколку пријавата ја праќате по пошта, исштампајте го ПП на бел лист А4 формат исто како и Вашето CV и ставете ги во бел коверт. Не се препорачува принтање на хартија во друга боја сем во бела и употребување на друга боја на буквите сем црна. Потрудите се да обезбедите квалитетна штампа на Вашето ПП и CV.

  • Структура на содржината

Идеалното ПП не треба да има повеќе од четири пасуси. Целта на првиот пасус е да нагласи за што се пријавувате и каде сте ги добиле информациите за конкурсот.

Во вториот пасус треба да се наведе квалификациите и вештините кои ги поседувате (вештини на презентација, комуникациски способности, способност за преговарање или пак некои други квалификации релевантни за конкретното работно место), кои Вас ве прават вистинската особа тоа работно место.

Немојте само да ги наведете вашите способности , туку и дадете образложение за истите. Како најдобра варијанта можеби е најдобро да започнете со Вашето претходно работно искуство и како сте успеале да ги стекнете и развиете способностите кои ги поседувате.

Исто како и во CV-то резултатот треба да биде дека Вие сте независна особа која знае да превземе иницијатива и одговорност. Најбитно е да образложите во ПП зошто сте Вие вистинската особа за тоа работно место, дури и во случај кога не ги исполнувате сите услови кои се наведени во огласот за работното место. Накусо вториот параграф треба да докаже дека сте добар кандидат за работата.

Третиот пасус покажува зошто ја сакате таа работа. Размислете за тоа, затоа што тоа прашање сигурно ќе ви биде поставено на интервјуто за вработување: Зошто се имате пријавено токму за таа работа и токму во таа компанија? Треба да покажете јака мотивација и способност да допринесете за работата во конкретната организација, а за возврат да добиете одредена сатисфакција (пожелна е таа сатисфакција да не се само парите, туку да ви се важни и можностите за усовршување, напредување..)

Последниот пасус нагласува дека сте спремни детално да ги објасните и покажете своите квалитети на работодавецот во текот на интервјуто.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209542
Присутни гости
Има 17 гости присутни