Главно мени
Дома Совети Биографија Како да напишете препорака


Писмата со препорака ги пишуваат професори, надредени лица или особи кои ве познаваат нагласувајки ги вашите способности. Препораката треба да помогне во селекцијата на комисијата да ве избере токму Вас. Во некои ситуации препораките треба да се напишат на посебна хартија која се наоѓа во рамката на пријавниот формулар. Сепак најдобро е преораката да се отштампа на меморандум од факултетот/компанијата. За да Ви ја напишат препораката изберете личност која добро Ве познава и која по своите квалификации и работна позиција највеќе би делувала како авторитетна особа за програмот на кој се пријавувате.

Ситуација А – Кога тие сами пишуваат препорака. Зпознајте ја дотичната особа со вашите способности и квалификации кои ги поседуватеи дајте му/им доволно време да напишат препорака. Објаснете за што тошно се пријавувате и што би требало да стои во препораката, односно што да се истакне од писмото што Вас би ве претставило во најдобро светло. Секако тоа што ќе побарате да го напишат во препораката ќе треба да го поткрепите во стварноста, но сепак потрудетесе напишаното да звучи добро. Не се залажувајте со лажна скромност, зошто имајте на ум дека од сите кандидати,Вие треба да бидете избраните. Информирајте се дали препораката треба да ја испрати личноста што ве препорачува или пак можете Вие да ја доставите во тек на интервјуто.

Ситуација Б – Кога Вие ја пишувате препораката. На почеток или на крај од препораката обавезно морате да наведете кој ве препорачува, неговата/нејзината тиула, односно позицијата на која се наоѓа особата во фирмата, име на фирмата/факултетот а понекогаш е неопходно да се наведе и контакт телефон за да би можеле одговорните од комисијата да ја потврдат точноста на препораката. Во препораката мора да биде јасно дека токму вас ве препорачуваат за работното место. Исто така треба да стои како информација колку долго ве познава таа особа која ја дава препораката, каква соработка сте имале( работна, однос студент-професор и слично), како да наведе и зошто ве препорачува.

Препораката треба да пружи увид во вашето знаење, активности и резултати за работните навики, личните карактеристики и слично, а уште подобро би било доколку тоа можете да го поткрепите со факти и примери. На крај последниот пасус треба да го покаже вашиот потенцијал за да ги задоволите критериумите на програмот за кој се пријавувате. Не заборавајте да ставите датум на пишување на препораката. Писмото не треба да биде подолго од една страна А4 формат и користете фонтови со величина помеѓу 10 и 12. Секако не заборавајте да ја дадете препораката да ви ја потпише одговорното лице со што би била валидна кај комисијата.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209541
Присутни гости
Има 16 гости присутни