Главно мени
Дома Совети Совети за личен развој Видови емоции


Сите луѓе не се исти, така што секој реагира на свој начин и имаме можност да учиме едни од други. Колку пати ви се има случено да не знаете како да реагирате во дадена ситуација затоа што сте лути, размислувате конфузно и немате цел за почеток и крај на течението на работите. Колку пати ви се има случено да добиете критика од вашиот претпоставен која ве доведува до солзи?

Секој од нас не може да ги совлада и контролира емоциите на исти начин. Некои се трпеливи и чекаат да дојде вистинскиот момент да ги решат работите, додека пак други реагираат непромислено и избувливо со цел да ги истераат работите до крај. За секој човек реакцијата е исправна во дадената ситуација, без разлика дали е таа правилна или не.

Емоциите можеме да ги поделиме на позитивни и на негативни. Тие претставуваат комплексен збир кои ни ја обликуваат емоционалната сфера на животот. Две најчести позитивни емоции се радоста и љубовта.

Радоста многу допринесува за нашиот организам со тоа што му дава елан и движечка сила. Тоа може да биде предизвикано од моментално случување или пак од сеќавање за некоја случка која била во минатото. Радоста е многу јака емоција, која најчесто кратко трае.

Љубовта пак трае долго, а под љубов се подразбираат емоции кои подржуваат позитивна емотивна ситуација во односот со луѓето од нашата непосредна околина, дали се тоа родители, партнерот, деца или пријателите. Љубовта е емоција која не воздигнува и ни дава сила да го правиме тоа што ни се чини невозможно.

Основни негативни емоции се бес, болка, страв, вознемиреност. Бесот доаѓа во ситуација да биде ослободен, кога станува збор за некоја фрустрација, кога не го постигнуваме тоа што од себе највеќе го бараме. Болката се предизвикува од губење на некого  или нешто за кое сме многу врзани.

Стравот и изнемоштеноста се две емоции кои често се јавуваат пропратно. Стравот е проследен со вознемиреност и најчесто се појавува кога приметуваме некои реални потенцијални опасности. Стравот е прастара емоција која успеала да ја одржи човековата цивилизација во живот.

амиот страв како емоција е важен двигател, но само во мали дози, кога е умерен и реален. Стравовите се воглавно дел на заедницата во која живееме и тие отсликуваат дел од културата во која сме воспитани. Во некои случаи кога ќе се надминат границите на дозволеното, овие емоции можат да станат прави фобии.

 
Статистика
Гледања на содржината : 209537
Присутни гости
Има 12 гости присутни