Главно мени
Дома Совети Совети за личен развој Контрола на емоциите


Емоциите настануваат како последица на надворешни или пак на внатрешни стимулации, дали се тие предизвикани од сеќавање или од реални ситуации. Секоја личност може да ги манифестира своите чувства на различен начин.

Начинот на кој еден човек ги покажува емоциите е повеќе или помалце контролиран и се учи. Сепак највеќе изразувањето наемоциите  највеќе зависи од домашното воспитување, културата во која поединецот е израснат, кругот во кој се движи и самиот карактер кој го стекнал. Карактеристично за една созреана личност е да умее да ги контролира емоциите, разликата е во тоа во која мера може тоа да го прави.

  • Стекнете ментална контрола! Ова е најверојатно најдобар начин да успеете да ги контролирате емоциите во ситуација каде не смеете да ги искажете, на пример кога се конфронтирате со вашиот шеф или со претпоставениот. Емоциите се составен дел од од нашиот ментален склоп и со доволна ментална контрола можеме да одлучиме како ќе се чувствуваме во даден момент. Емоциите се учат, па со самото тоа можеме да влијаеме на нивното манифестирање. На тој начин го смалуваме интензитетот на доминантните емоции.
  • Започнете го денот на позитивен начин! Пробајте сами да си дадете тек на денот со позитивна мисла. Кажете си на себе дека денот ќе ви биде исполнет со оптимизам и добро расположение, со многу радост која ќе ви го полни срцето со неисцрпна енергија и воља за тековниот ден. Пробајте да го започнете денот со насмевка на лицето и игнорирајте ги сите ситуации кои ќе ви претат да ви го расипат расположението. Решение за секоја ситуација може да биде и позитивниот став. Бидете позитивни  према луѓето кои ве опктужуваат. На паузата на работа не правете кафе само за себе, понудете ги и своите колеги.
  • Разговарајте за своите емоции! Најдобар начин да го решите тоа што ви смета е да разговарате за тоа. Разговорот ќе ви помогне да ги разбистрите проблемите кои ги имате и ќе ви се створи решение за истите, како вие самите да најдете соодветно решение за таа ситуација.
  • Осллободите се од притисокот! Ако по природа сте емотивна особа, најдете начин како да се ослободите  од притисокот правејќи нешто што вас ве опушта. Тоа може да биде спорт или пак момент сам со себе или прошетка во природа.
 
Статистика
Гледања на содржината : 209534
Присутни гости
Има 9 гости присутни