Главно мени
Дома Совети Совети за личен развој Добро дефинирање и запишување на целите


Секој човек си поставува одредена цел во животот, тоа претставува светла точка која не води понатаму и не прави да бидеме амбициозни и истрајни до нејзиното реализирање. Доколку сакате брзо и едноставно да ги исполнувате своите цели, лесно да ги пратите ви препорачуваме освен тоа паметно да ги осмислите, исто така да ги поделите на што помали делови и пред се да ги запишувате. Запишувањето на целите ќе ви помогне да сето тоа што сте го замислиле и сакате да го остварите да не го изгубите од вид. Докажано е дека луѓето кои ги запишуваат своите цели во најголема дел ги остваруваат и се успешни во тоа. Сепак запишувањето ви помага да не испуштите нешто од тоа што сте си го задале себе си, да не го загубите фокусот и постојано да се самомотивирате со тоа што постојано се потсетувате на тоа што сакате да го остварите не отстапувајќи од целта. Затоа е добро сето тоа што ви запишано да ви е некаде на дофат, односно пред вас, а некаде ставено во некоја фиока во која ќе бидат заборавени. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да останете фокусирани и истрајни во остварувањето на вашите цели. Сепак најбитно е да ги запишете!

  1. Временски распон на целите – Прво и најважно е да ги поделите целите на краткотрајни, среднотрајни и долготрајни. Од работен аспект краткотрајните се цели кои со траење до една година, среднотрајни со траење до пет години и долготрајни цели кои траат преку пет години. Меѓутоа доколку станува збор за приватни цели оваа поделба може да биде сосем поразлична. Во секој случај конкретизирајте ги плановите према времето кое е потребно за вашата цел. Према тоа предност имаат краткотрајните, потоа среднотрајните и на крај долготрајните цели кои ви оставаат највеќе време за нивна реализација.
  2. Поделба на целите на помали делови – За голем број луѓе важи правилото доколку не сме во можност веднаш да оствариме некои од целите или ни делуваат тешки и сложени, ќе ги одложуваме колку можеме повеќе. Доколку сакаме тоа да го избегнеме треба да своите комплексни, среднотрајни а поготово оние долготрајните цели, да ги поделиме во помали краткотрајни цели и благовремено да ги остваруваме. Откако ќе ги поделиме целите на помали делови лесни за реализирање, направете си план на активности со одговорности и временски интервал до кога тоа треба да се оствари. Дефинирајте ги клучните точки во процесот на реализирање на целта и предвидете ги евентуалните проблеми кои може да настанат.
  3. Поставување на приоритети – Доколку се случи да имаме повеќе цели кои во исто време ни се поклопуваат мора да се направи приоритет помеѓу целите и да реализираме према поставените приоритети. Ако не го направиме тоа постои можност да го занемариме тоа што ни е од најголемо значење. Секогаш пишувајте во прво лице еднина, така што ќе ги доживувате целите како свои и во тој случај мали се шансите да се откажете од нив.
  4. Пишувајте во сегашно време – вака ќеги сватите целите како реални и достижни без разлика колку ви изгледаат далечни во моментот. Психосоматскиот ефект го приближува тоа што можеби ни е далечно во даден момент, ни помага да развиеме свест за таа цел како да е тоа возможно, а не нешто што би можело да се случи некогаш.
  5. Постојано читајте ги вашите цели иако мислите дека ги знаете напамет – Ова ќе ви помогне да текот на мислите го уклучите што поактивен тек на извршување на задачата. Така и вашата потсвест ќе работи за вас во миговите и кога не сте посветени на таа задача, а повторувањето ќе ви помогне да не ја изгубите од видот. Во моменти на слабост доколку сами себе се потсетите колку ви е важна таа задача, повторувањето ќе постигне голем ефект во зајакнување на желбата и волјата да истатат се оствари до крај.
 
Статистика
Гледања на содржината : 209536
Присутни гости
Има 11 гости присутни